Македонската одбојкарска репрезентација, најверојатно во Велес, ќе ги одигра натпреварите на првиот турнир од Сребрената европска лига .
Одбојкарската федерација на Македонија ја доби организацијата и на турнирот од групата „А“ во која покрај Македонија се и Израел, Кипар и Данска, но и на завршниот Ф4 турнир на кој најдобрите четири селекции од двете групи ќе се борат за титулата во ова европско натпреварување .
„Разговараме, има расположение кај Велес и се надевам дека ќе успееме да се договориме. Има некои работи кои треба да се исполнат за беспрекорна организација, а Велес ќе добие еден голем репрезентативен настан каков што градот во кој одбојката се негува со децении, навистина заслужува“, вели генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ.