понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Коментар на денот- Нелоска: Власта не знае да менаџира и прогласува полициски час кој е целосно непотребен и нема да смени ништо

Коментар на денот- Нелоска: Власта не знае да менаџира и прогласува полициски час кој е целосно непотребен и нема да смени ништо

Пандемијата е повторно пред ескалација, имаме галопирачко ниво на заразени. Власта една година по ред прави систематски пропусти, и целосно ја промаши стратегијата за борба против КОВИД 19, истакна Ленче Нелоска во „Коментар на денот“.

-ВМРО-ДПМНЕ апелираше власта систематски да му пристапи на проблемот.Но, власта на СДСМ наместо на борбата против КОВИД 19 се посветија на личните приоритети и пиар-от. Очигледно не знаат да менаџираат и прогласуваат полициски час од 22 до 05 часот кој е целосно непотребен и нема да смени ништо, вели Нелоска и додава:

„Во Македонија ситуацијата е многу лоша затоа што власта доцни со сите мерки. Србија има вакцинирано 30% од населението, а ние не сме ни почнале  со вакцинација. Вакцини имаат и земјите од Африка, но нашата власт уште чека вакцини, па и циркус прави од целата ситуација. Срамота! Ситуацијата во која не втурна власта е жалосна за целата држава. И наместо разум и одговорност, СДСМ организира попис. СДСМ се коцка со целата држава и животот на цел македонски народ“.

Најнови вести