вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Машката ракометна селекција со пристигнувањето на Жарко Пешевски се комплетираше

Машката ракометна селекција со пристигнувањето на Жарко Пешевски се комплетираше
Со приклучувањето на Жарко Пешевск машката ракометна репрезентација од денеска е во комплетен состав пред двомечот со светскиот шампион Данска.
Кирил Лазаров кој ќе ја има двојната улога на селектор и капитен на ракометната репрезентација од денеска на располагање ќе ги има сите ракометари кои се најдоа на неговиот список за двомечиот со актуелниот светски и олимписки шампион Данска.
Првиот дуел против Данците нашите ракометари ќе го играат во четврток (11 март) од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека возвратниот меч на програмата е на 14 март во Алборг (од 16:00 часот).