сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Без странски навивачи на ОИ во Токио

Без странски навивачи на ОИ во Токио

Јапонската Влада одлучи да ги организира летните олимписки и параолимписки игри во Токио без присуство на странски државјани  на трибините, поради загриженоста на јапонското население поврзана со пандемијата на COVID-19.

Властите во Токио оценија дека влез на странски навивачи во земјата нема да биде можно, бидејќи јапонските граѓани стравуваат од ширење на вирусот, како и појавата на нови мутации на вирусот, наведува јапонската новинска агенција.

Претходно денеска беше соопштено дека свеченото отворање на Олимписките игри (ОИ), закажано за 23 јули во Токио, како и церемонијата за почеток на патувањето на олимпискиот факел низ Јапонија, предвидена за 25 март во префектурата Фукушима, ќе бидат одржани без присуство на публика.

Олимписките игри во Токио требаше да се одржат минатото лето, но поради пандемијата на коронавирусот тие се презакажани за оваа година и ќе се одржат од 23 јули до 8. август.