Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска треба да гласа за новата верзија на пакетот економска помош поради пандемијата во висина од 1.9 трилиона долари, што претходно беше одобрен од Сенатот.
Долниот дом на Конгресот, контролиран од демократите, треба да го изгласа законот, иако републиканците се еднодушно против. Законот потоа треба да се најде на работната маса на претседателот Џо Бајден на потпишување.
Набљудувачите сметаат дека неговото донесување е само формалност, додека за републиканците пакетот финансиски е премногу голем и недоволно фокусиран.
Администрацијата на Бајден, пак, веднаш по донесувањето на законот, планира поактивна медиумска кампања во следните денови за претставување на неговата полезност за економијата и народот во САД.