среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОСТАНА УШТЕ ЕДЕН ЧАС: 3aтвop oд 1 година за непочитување на полицискиот час за физички лица и милионска парична казна за правните лица

ОСТАНА УШТЕ ЕДЕН ЧАС: 3aтвop oд 1 година за непочитување на полицискиот час за физички лица и милионска парична казна за правните лица
фотоилустарција

Парична казна или 3атвор до една година за физички лица, а парична казна до 30 милиони денари за правни лица, предвидува Кривичниот законик за непочитување на полицискиот час што со одлука на Владата ќе трае од денеска до 22 март од 22 часот вечерта до 05 часот наутро.

Непочитувањето на забраната за движење значи извршување на кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Тоа е регулирано со член 206 од Кривичниот законик.

Во ставот 1, е пропишано дека секој што за време на епидемија не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Во ставот 2, пак, се вели дека ако делото го стори правно лице, пропишана е парична казна, која може да биде до милиони денари.

Најнови вести