петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец за издржување на двегодишна затворска казна

Приведен скопјанец за издржување на двегодишна затворска казна

На 12.10.2023 во 16.05 часот на ул.„Финска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Д.(21) од Скопје.

-Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информира МВР.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.