петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Холандија: Уапсени две лица поради оддавање државни тајни

Холандија: Уапсени две лица поради оддавање државни тајни

Холандската полиција уапси 64-годишен маж и 35-годишна жена под сомнение дека оддавале државни тајни, соопшти денеска обвинителството.

Според извештаите, мажот работел за Националниот координатор за борба против тероризмот (NCTV), а жената е поранешен вработен во NCTV, кој неодамна се приклучил на полицијата, пишува „NL Times“.

Тие добија 14 – дневен притвор и им е дозволен контакт само со адвокати.