петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: Страшно е што Шекеринска праќа претставници во НАТО кои не можат да добијат безбедносни сертификати

Андоновски: Страшно е што Шекеринска праќа претставници во НАТО кои не можат да добијат безбедносни сертификати

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски во гостување во емисијата „Филибастер“ на радио Лидер кажа дека страшно е одбивањето на издавање на безбедносен сертификат од НАТО за наши претставници и дека ресорната министерка Радмила Шекеринска повторно не си ја завршила домашната задача со што се нанесува штета на угледот на државата.

– Уште пострашно од одбивањето да се издаде безбедносен сертификат е проблемот што министерката Шекеринска година дена човекот кој што не доби безбедносен сертификат а требаше да биде највисок воен претставник во централата во НАТО таа го парадираше човекот и го покажуваше насекаде го носеше на средби кажуваше во јавност кој ќе биде претставникот без да си ја има повторно завршено домашната задача, рече Андоновски.

Андоновски појасни дека министерката за одбрана Шекеринска сакала со ефтини трикови да прикаже дека нешто работи во министерството, но дека тоа јасно се покажало дека не е така од повратниот одговор дека нема да се издадат безбедносни сертификати. Додаде дека ова се крупни и сериозни проблеми и дека стандардите се точно познати кои треба да ги исполнат претставниците и дека тоа министерката мора да го знае и не смее да си игра со вакви сериозни прашања.

– Сакаше со евтини ПР трикови да изгледа дека нешто работат во министерството за одбрана но ударот шлаканицата потоа е многу посериозна многу поголема затоа што се работи за човечки судбини и човечки кариери. Ова не се мали проблеми ова се крупни сериозни прашања затоа што излегоа експерти по безбедност од Црна Гора и рекоа кај нас ваки работи не се случија затоа што ние внимаваме. Овие стандарди не се воведени вчера. Последните измени се 2003 – 2004 година. Вие точно знаете какви стандарди треба да исполнат вашите претставници во најголемата, најсилната и најмоќната алијанса во светот и не може да си играте со тие прашања, заврши Андоновски.

Најнови вести