Во Велес кај Вардар пред споменикот на Гемиџиите, познати и како Солунските атентатори, денеска беа одбележани 115 години од низата бомбашки напади што ги извршија во 1903-та во Солун.
На споменикот повеќе општински делегации во нивна чест положија цвеќе.
Со бомбашките акции, под слоганот „Се арчиме себе си за Македонија“, младите интелектуалци кои се нарекуваа Гемиџии имаа цел да го свртат вниманието на Европа за неподносливите услови во кои живее македонскиот народ под Отоманската империја.
Во акциите од 28 до 30 април во 1903. година во воздух биле кренати бродот „Гвадилкивир“, Отоманската банка, Електричната централа, а бил направен обид во воздух да се крене и Централната пошта во Солун и да се минира железничката пруга Солун – Деде Агач.