вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Скопје: Казнети 165 возачи

Скопје: Казнети 165 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 165 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење санционирани се 25 возачи, 12 санкции за возење без возачка дозвола, 2 за прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, една санцкција за управување под дејство на алкохол, седум за минување на затворен сигнал(црвено светло), пет за недавање првенство на минување на пешаци и 45 за непрописно паркирани возила.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.