четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Неговата смрт предизвика масовни протести низ светот: Семејството на Џорџ Флојд ќе добие отштета

Неговата смрт предизвика масовни протести низ светот: Семејството на Џорџ Флојд ќе добие отштета

Градскиот совет на Минеаполис, Минесота денеска едногласно изгласа да плати 27 милиони долари за решавање на тужбата поднесена од семејството на Џорџ Флојд.

Во јули, семејството на Флојд поднесе тужба против градот и четворицата полицајци обвинети за неговата смрт минатиот мај.

Во тужбата се тврди дека полицајците ги повредиле правата на Флојд кога го приведувале и дека градот дозволил да се зголемува културата на употреба прекумерна сила, расизам и неказнивост меѓу припадниците на полициските сили.

Смртта на Флојд, невооружен Афроамериканец, минатата година предизвика масовни протести против полициското насилство и расизмот низ цела САД, а многу луѓе демонстрираа и во други земји од светот, пренесе ДПА. Флојд (46) почина на 25 мај 2020 година, откако беше уапсен под сомнение дека платил сметка со лажни 20 долари.

Полициските службеници при апсењето го турнаа на земја на плочникот пред неговиот автомобил, а еден од нив цели осум минути го држеше коленото врз вратот на Флојд, додека тој молеше да го ослободат бидејќи не може да дише. Според обдукцијата, Флојд изгубил свест и веднаш починал.