вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пари од ЕУ нема, а нема ни датум: Вахреји ги пеплоса Димитров и Заев, реформите се бавни, Европа ќе дојде дома, ама во Албанија!

Пари од ЕУ нема, а нема ни датум: Вахреји ги пеплоса Димитров и Заев, реформите се бавни, Европа ќе дојде дома, ама во Албанија!

„Реформите честопати се одвиваат бавно, поради што некои земји на ЕУ ја доведоа во прашање суштината на целиот процес и затоа не се согласија да го забрзаат. Од друга страна, премногу често Европската унија не даваше едногласен позитивен одговор кога нашите партнери ќе успеат да ги спроведат ветените реформи “, рече еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји вчера на третиот економски форум во Тирана.

Европската комисија, додава тој, смета дека се исполнети сите услови за одржување на првата меѓувладина конференција за преговори со Албанија, којашто изјава беше потоп за преговарачката дипломатија на вицепремерот за европски прашања Никола Димитров, после долгоочекуваното зелено светло од ЕУ за почеток на преговорите.

Димитров пред два дена во соопштението од СЕП на Влада изоболуваше со оправдувања дека парите од Солидарниот фонд на ЕУ не сме ги добиле затоа што „добро сме ја менаџирале пандемијата“, дали сега Димитров ќе се оправдува и дека „добро сме се справувале со преговорите за влез во ЕУ“, па затоа сега Албанија ќе влезе пред нас?

Дека ништо не е добро во преговорите со ЕУ и неуспехот на нашата дипломатија да обезбеди овие неколку години значителен напредок иако властите уште во авионот во јуни 2018 година го најавија „лажниот почеток“ на преговорите со ЕУ.

Меѓу сите важни вести и скандали оваа недела, се пропушти веста дека Заев со изјавата „Македонија е 16 години сеу ште во европската чекалница“ после лажните датуми секоја година кои ги добивме според него, сега очигледно призна дека датум за почеток за преговорите нема, туку сеуште сме само на почеток во разговорите за Нацрт рамката за новата Методологија, како што вели и Вархеји.

Пари од ЕУ нема од солидарниот фонд за помош за пандемијата, а сега власта ја покоси и информацијата дека нема ни датум за почеток на преговорите, затоа што очигледно според ЕУ само Албанија „добро си ја завршила работата“ со реформите.

Најнови вести