За изгледот на Дара Бубамара речиси нема некој медиум да не известил во изминатиот период, а причината е многу едноставна- сомнежот дека таа прекумерно користи фотошоп.
Дали и овој пат пејачката претера со него, според фановите „да“.
Пејачката која е заљубена како никогаш досега секојдневно се фотографира во различни пози и ги споделува со фановите, освен тоа таа и вежба во теретана од каде исто така често споделува провокативни фотографии.
Овој пат Дара позираше во спортска облека и краток шорц истакнувајќи ги долгите нозе, а фановите веднаш и ги споредија со „долги прачки“ кои си ги обработила на фотошоп.
Дали ова е навистина резултатот од напорното вежбање во теретана или пак лошата навика да се користи фотошоп проценете сами.