недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Функцијата на Шекеринска на нозе – се ближи конгресот во СДСМ, Заев интезивно работи за отстранување на Радмила од раководството?

Функцијата на Шекеринска на нозе – се ближи конгресот во СДСМ, Заев интезивно работи за отстранување на Радмила од раководството?

Во СДСМ во последниов период се случува внатрепартиски раздор, како последица на досега латентните несогласувања со политиките што ги води партијата под сегашното водство и на личните нетрпеливости, а и ривалитет за надмоќ, брифираат извори од партијата за НетПрес.

Според информациите до кои дојде НетПрес, Заев како единствен кандидат за претседателска позиција во СДСМ на престојните внатрепартиски избори се подготвува за пресметка со т.н. „скопско крило“. Тоа би значело дека Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе се отстрани од сегашната потпретседателска функција во партија, а за тоа Зоран Заев интезивно ургирал.

Како што велат запознани со случувањата меѓу социјалдемократите, Заев на позицијата на Шекеринска планира да го постави актуелниот министер за здравство Венко Филиче, во чиешто друштво континуирано е во последниот период, многу повеќе отколку со кој и да е друг член на неговата партија во владиниот кабинет. Меѓутоа, посочуваат изворите, кога пред неколку дена на состанок на централниот одбор на партијата се обидел да го испита пулсот и само како гласно размислување да напомне дека Филипче би бил добар избор за таа партиска позиција, лидерот наишол на силно негодување од повеќемина влијателни членови на СДСМ. Тие во својата аргументација ги навеле бројните скандали поврзани со Филипче и лошото негово менаџирање во текот на пандемијата на коронавирусот, кое неможе да го покрие, ниту скапиот Пи-Ар на министерот.

Повеќе може да прочитате на НетПрес.

Најнови вести