Министерот за корупција Љупчо Николовски треба на јавноста да и одговори каков е тој продолжен викенд од 7 дена? Какви се тие приватни потреби на Николовски за да отпатува дури до Дубаи на продолжен викенд од 7 дена?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Бидејќи е државен функционер платен со парите на граѓаните, да каже колку чинеше неговиот престој во Дубаи, каде беше сместен и дали од Дубаи ја координираше акцијата за мачкање путер во очите на јавноста?, стои во партиското соопштение и се додава:
„Дали е свесен Николовски дека половина милион Македонци живеат во огромна сиромаштија предизвикана од огромната корупција пред која тој не само што замижува, туку и ја аминува? Николовски треба да одговори кога ќе си поднесе оставка како чин на морална одговорност?“.