Популарниот пејач Дарко Лазиќ отвори свој ЈуТјуб канал „Кујната на Дарко“, каде што пред камера го подготви и првиот рецепт, откако претходно се најде во непријатна ситуација, кога пееше на корна забава, а истата беше растурена од надлежните.
Имено, Лазиќ за време на пандемијата го остави микрофонот, и се посвети на нова работа која што можеби ќе му донесе и заработка, а на гледачите ќе им покажи нешто убаво и корисно.
Како што можи да се забележи Лазиќ одлично се снаоѓа во кујната, а во своето прво видео покажа како подготвува „Паста на шефот на кујната“, која делува доста вкусно.
„Дарко, можам ли да порачам храна?“, „Дарко, следен пат ребра“, „Може ли во следната епизода гулаш“, „Изгледа превкусно“, гласеа некои од коментарите.