Манекенката Софија Милошевиќ денес полни 31 година, а нејзиниот свршеник Лука Јовиќ приреди изненадување, кое го нарече „најдобро роденденско изненадување“.
Софија на својот Инстаграм објави видео од изненадувањето што и го приреди Лука. Имено, утрово во домот ја пречекаа огромни букети црвени рози, а таа напиша:
„Најдоброто роденденско изненадување од мојот свршеник.“
Покрај тоа, Лука на Инстаграм јавно и честиташе роденден
„Среќен роденден на мојот најдобар пријател, мојата љубов, мојата сродна душа. Едвај чекам да доживеам уште неверојатни спомени со тебе и нашиот син. Те сакам “, напиша фудбалерот на Реал Мадрид во емотивна честитка до својата свршеница, на што Софија одговори:„ Те сакам многу “.
Инаку, Лука Јовиќ и Софија Милошевиќ станаа родители на малиот Алексеј во септември минатата година.