четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Меѓаши по случајот со детето кое изгоре врзано: Родителската нeгрижа и зaнeмарување на децата е појава што зaгpижува и опoмeнува!

Меѓаши по случајот со детето кое изгоре врзано: Родителската нeгрижа и зaнeмарување на децата е појава што зaгpижува и опoмeнува!

Родителската нeгрижа и зaнeмарување на децата е појава што зaгpижува и опoмeнува. Згpoзени сме од настанот што се случи во Гостивар кога  мaлолетно дете, изгоре, врзано со ланци на нозете.  Случаеви каде децата се врзуваат со ланци од страна на родителите, како ,,воспитна мерка“ не се непознати во светот, меѓутоа очигледно  Македонија не е веќе исклучок.

Граѓанските организации при своите анализи на аномалиите на системот, освен теренските истражувања  ги користат и информациите добиени од медиумите. Во дадениот случај, при анализа на информации пласирани во медиумите како класичните така и интернет медиумите,  можеме да заклучиме дека едни медиуми  информираа дека семејството е семејство фантом, кое не е регистрирано во системот. Други медиуми известуваат дека Центарот за социјални грижи имал информации за семејството. Нашите информации од терен говорат дека  само детето кое настрада во пожарот немало извод од матична книга на родените, односно не било регистрирано. Совесни граѓани реагирале до Центарот за социјални грижи во Ресен и истиот бил информиран за состојбата во семејството но не преземале никакви мерки.

Ова е дел од реакцијата испратена до медиумите од Меѓаши, но потпишана и од други органицазии. Нивниот допис го пренесуваме во продолжение:

Воедно, имајќи предвид дека некои медиуми го истакнаа местото каде се сместени децата, што претставува исто така кршење на нивните права, ги потсетуваме и замолуваме при нивните известувања во случаи кога се работи за деца да ги имаат предвид Кодексот за новинари при известување што вклучува дете жртва/сторител (во прилог) и Основните упатства и принципи на Меѓународната федерација на новинарите за известување за прашања во кои се инволвирани децата: внимателно да ги земат предвид последиците од публикувањето на секаков материјал во врска со децата и на тој начин да ја намалат штетата врз децата; да внимаваат да не користат визуелно или друго идентификување на децата доколку тоа не е очигледно во јавен интерес; да осигураат независна в е р и ф и к а ц и ј а н а информациите што ги дале децата и да водат посебна грижа верификацијата да не ги стави во опасност децата информатори; да употребуваат чесни, отворени и недвосмислени методи за обезбедување слики и, таму каде што е можно, да ги добијат со знаење и согласност на децата или на одговорното возрасно лице, старател или лицето што се грижи за нив. Медиумите не треба да ги зем а а т п р е д ви д и да известуваат за положбата на децата само како настан, туку треба постојано да известуваат за процесот кој може да доведе или води кон појавата на тој настан. А во најдобар интерес на децата е да внимаваме на вакви подробности кои може да имаат негативен ефект токму над децата за кои се залагаме да ги заштитиме.

Со оглед на тоа дека Република Македонија во 1993 година ја има усвоено Конвенцијата за детски права на ООН  обврзана е согласно истата да ги исполни долунаведените обврски:

-Детето се пријавува веднаш по раѓањето и од раѓањето има право на име, право на грижа, државјанство и, ако тоа е можно, право да знае кои му се родители и право тие да се грижат за него.

-Државите членки ги обезбедуваат остварувањето на овие права во согласност со националните закони и со соодветните меѓународни инструменти од оваа област, особено во оние случаи кога детето, инаку би било апатрид.

-Обезбедување на содветна заштита на мајката пред и по раѓањето на детето.

-Овозможување на сите сегменти на општеството, посебно на родителите и на децата, да бидат информирани и да им се пружи поддршка при користењето на основните знаења за здравјето, исхраната на детето, предимствата на доењето, хигиената и хигиенските услови на животната средина, како и за спречувањето на несреќите.

– Државите членки се обврзуваат: Ниедно дете да не биде изложено на мачење или на други свирепи, нечовечки или понижувачки постапки или казни.

Потсетувајќи дека Обединетите нации во Општата декларација за правата на човекот прокламираат дека на детството му припаѓаат посебна грижа и помош,

Уверени дека на семејството како основна единица на општеството и природна средина за развој и благосостојба на сите нејзини членови, особено на децата, треба да му биде пружена неопходна заштита и помош за да може во целина да ја преземе одговорноста во заедницата,

Свесни за фактот дека детето, за да оствари хармоничен развој на личноста, треба да расте во семејна средина, во атмосфера на среќа, љубов и разбирање,

Сметајќи дека детето треба да биде во целина подготвено да живее самостојно во општеството и да биде воспитувано во духот на идеалите, прокламирани во Повелбата на Обединетите нации, а особено во духот на мирот, достоинството, толеранцијата, слободата, рамноправноста и солидарноста,

Сакаме да прашаме:

  1. Дали ова  дете  е регистрирано или не  во системот?  Дали детето, кое било на 7 годишна возраст било вклучено во системот на образование?
  2. Доколку не е регистрирано, до каде е процесот на регистрација на децата фантоми на територија на државата?
  3. Ако процесот на попишување на децата фантоми е започнат, зошто тој процес се одвива многу споро?
  4. Прашуваме каква заштита добила мајката по раѓањето на децата од страна на институциите? Дали биле корисници на социјална помош и детски додаток?
  5. Информациите од терен говорат дека граѓани на Ресен го пријавувале случајот во Центарот за социјална работа. Прашуваме, што преземале државните институции  да ја спречат несреќата? Каде затаила меѓу институционалната комуникација Центар за социјална работа и МВР?
  6. Што преземале надлежните институции за да го спречат чинот на врзување на нозете на детето со ланци?
  7. Со оглед на тоа дека многу информации во медиумите се контрадикторни, прашуваме што Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги  презема за спречување на ширење на информации без доволно информации и дезинформации на вакви теми на различни медиуми, како традиционални, така и интернет?

Интернет Хотлајн Провајдер Македонија,

Здружението Сплотени срца Штип,

Ресурсен центар на родители на лица со посебни потреби и

Прва детска амбасада во светот Меѓаши-Република Македонија

Најнови вести