ОЈО отвори предмет за сообраќајниот софтвер на Драги Рашковски.
-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“. Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, обвинителството отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање на потребната документација. По наредбите ќе постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во меѓувреме, откако беа издадени наредбите, Министерството за внатрешни работи до обвинителството достави известување во врска со нивното постапување во случајот, велат од ОЈО.
За потсетување, пред неколку дена беше обелоденет скандал дека Рашковски како генерален секретар на Владата набавил софтвер за следење на сообраќајни прекршоци за потребите на МВР, со народни пари.
Набавката самата по себе немаше да биде скандал, но следуваат податоци кои фрлаат нова сенка на оваа набавка. МВР не знаат ниту дека истиот сервер постои, а Рашковски фрлил народни пари, за систем кој 8 месеци не е во функција.