среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ангелова: Жените протестираат против сите касапења и импровизации, неказнивоста значи одобрување

Ангелова: Жените протестираат против сите касапења и импровизации, неказнивоста значи одобрување

Кога неказнивоста станува пракса, скандалите стануваат секојдневие. Последните неколку скандалозни случаи во кои пациенти си одат дома без органи, ја прелеаја чашата. Нашите тела не се „кукли фантоми“ за вежбање, вели Емилија Ангелова, генерален секретар на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Народот не се чувствува безбедно, се плаши да отиде во болница, дури и кога за тоа има итна и неодложна потреба.

Односот на властите во болниците кон пациентите е застрашувачки и ги поминува сите етички стандарди.

Видовме како пациенти лежат до мртви лица, како други примаат инфузија во двор на болница, како жена умира затоа што нема кој во болница да и даде кислород, како се вадат органи без потреба.

Системот на Венко Филипче ги осакатува луѓето. Венко Филипче создаде атмосфера на недоверба во здравствениот систем и за тоа виновен е само тој.

Против сите неправди и импровизации, се спротивставуваме на неправдите, затоа повикуваме на протест во сабота 20-ти март, во 11 часот, пред министерството за здравство, затоа што неказнивоста значи одобрување. Здравјето не е статистика, ова е протест за жените и женските права, да го кренеме гласот, доста беше“!

Најнови вести