петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ целосно реформирана, уценетите кадри сега се товар на Заев

ВМРО-ДПМНЕ целосно реформирана, уценетите кадри сега се товар на Заев

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ станува реформирана партија, со обновен состав, а кадрите кои се поврзуваат со нејзиното темно минато останаа да слугуваат на Зоран Заев.

Тоа го посочи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, говорејќи за поранешните функционери на партијата кои сега водат политика од која корист има единствено Зоран Заев.

„Барем во изминативе месеци му ги видовме сите адути и оние скриени слуги во опозицијата. Остана верно ВМРО-ДПМНЕ на народот. Еден новинар ми вели сега сите се качија на еден ист брод, се собра дружината. Уценуваните и уценувачите. А Заев сакајќи да наштети на ВМРО-ДПМНЕ си стави уште еден тег на ногата. Епа, Заев со здравје да си ги носиш. Си одговарате и по криминалот и по нечесноста. Ви кажувам сега доаѓа ураганот од народ кој ќе го потопи тој брод на кој сте собрани топтан“, му порача Мицкоски на Заев во февраури годинава во своето обраќање на редовната конференција на Унијата на жените на партијата.

И кога помпезно најавуваа вонреден конгрес, најавувајќи тргање на Мицкоски од претседателската функција во партијата, овие кадри се соочија со срам. Мицкоски ужива поддршка кај членството, а тие беа принудени да го откажат Конгресот.

Во врска со откажување на таканаречениот вонреден конгрес, се огласи и ВМРО-ДПМНЕ којашто истакнува дека станува збор за уште еден несупешен обид на власта да инсталира контролирана опозиција.

„Ова е и најголем доказ дека ВМРО-ДПМНЕ пактови со криминал не прави но и дека луѓе кои уценети одработуваат за Заев не може да бидат иднина. ВМРО-ДПМНЕ е реформирана и прочистена партија од компромитирани кадри кои решија да му служат на Заев. Ништо од приказните и лагите дека имале мнозинство делегати па дека нив им била намерата да направат промени во опозицијата со тезата Заев е добар, а ВМРО-ДПМНЕ не чини“, наведуваат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ истовремено посочуваат дека се отворени за сите „чесни и добронамерни луѓе и единствена цел останува пораз на Заев и одговорност за неправдите и криминалите“.

Откажувањето на „вонредниот конгрес“ претставува неуспех за Заев, а нова победа за Мицкоски.

Неуспешен беше и овој обид, да се направи раздор во партијата која е во опозиција.

Највисокото партиско раководство, комитетите, пратениците, искажаа поддршка за Мицкоски, а оние кои сакаа да го сменат се откажаа од конгресот кој однапред беше осуден на пропаст.

 

Најнови вести