Поранешниот министер за надворешни работи на Србија и претседател на Народната партија, Вук Јеремиќ и неговата сопруга Наташа, некогашна водителка и уредничка на Дневникот на РТС, станаа родители во понеделник вечерта на едно девојче.
Двојката по повеќе од една деценија борба за потомство ја дочека ќеркичката Софија.
-По 12 години борба и безброј болни неуспеси, на свет дојде Софија Јеремиќ. За роденден го избра денот на нашата венчавка, напишаа среќните родители на своите профили на социјалните мрежи.