четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Деми Ловато: Минути ме делеа од смртта по предозирањето

Деми Ловато: Минути ме делеа од смртта по предозирањето

Американската пејачка и актерка Деми Ловато откри дека минути ја делеле од смрт поради предозирање во јули 2018 година и дека „морала да умре за да се разбуди“.

-Докторите ми рекоа дека сум имала меѓу пет и десет минути. Никој да не ме пронајдеше, не би била овде. Благодарна сум што денес седам тука, изјавила пејачката во гостувањето во една емисија.

Претходно 28 годишната пејачка објави документарец во кој отворено зборува за својата борба со зависноста, како и искуството со сексуалното злоставување.

Ловато, која таа ноќ земала хероин со фентанил, изјавила дека откако се предозирала сексуално ја искористил нејзиниот дилер.

-Буквално бев оставена да умрам откако ме искористи, вели таа во документарецот. Откако се разбудила во болница, Ловато рекла дека била слепа.

Најнови вести