недела, 24. март 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Девицата планира нов проект, Јарецот со се посилни емоции

Девицата планира нов проект, Јарецот со се посилни емоции

ОВЕН

Не сте задоволни од соработката со колегите. Иако со заеднички сили сте смислиле програм на работа, тие го менуваат без ваша согласност. Уживате во тајна врска и во целост и се посветувате. Поради работата сте напнати.

БИК

Ве очекува предизвикувачки состанок. И покрај трудот и упорноста, не успевата другата страна да ја заинтересирате за своите идеи. На партнерот му пречи вашето однесување. Внимавајте на исхрана, можно е покачено ниво на шеќер во крвта.

БЛИЗНАЦИ

Ако се занимавате со приватен бизнис ве очекува нервоза поради неочекувано лошите резултати од работата. Своите емоции кон саканата личност ги покажувате со тоа што купувате подарок. Одлично здравје.

РАК

Ако сте невработени добивате нова понуда. Ако веќе работите, задоволни сте од експанзијата на работа. Сметате дека врската одлично се развива, односно дека е стабилна и има огромен потенцијал. Добро се чувствувате.

ЛАВ

Не успевате да се изборите со сите обврски на работа. Голем дел од обврските регуларно ги одработувате, но некои ви прават проблеми. Ве очекува ново познанство со паметна, ведра и духовита личност. Болки во грбот.

ДЕВИЦА

Планирате нов проект. Некои идеи звучат одлично, но тешко е да се применат во пракса. Со партнерот отворено разговарате за проблемите на работа. Добивате целосна поддршка. Нервниот систем е чувствителен.

ВАГА

Надредената личност иницира разговор и ве информира за новите планови. Не сте воодушевени, но не ги критикувате. Брачниот партнер е нерасположен, а вам ви здодеало неговото нерасположение. Проблеми со хормоните.

ШКОРПИЈА

Резултатот од работата се очајни. Не сте подготвени да прифатите сопствена одговорност, па ги обвинувате колегите за неуспех. Саканта личност ја сметате за совршена. Се врзано со неа е идеално. Дишните органи се чувствителни.

СТРЕЛЕЦ

Прилично сте самоуверени и верувате дека се знаете, но правите грешки кои укажуваат дека сте се прецениле. На партнерот му наоѓате маани и често го критикувате. Проблеми со хормоните.

ЈАРЕЦ

Во случај да сте приватник, односот со колегите не е најдобар, затоа што сте нетрпеливи и нервозни. Емотивната врска се развива и вашите емоции се се посилни. Чувајте се од повреди, особено на рацете и на нозете.

ВОДОЛИЈА

Ситуацијата на работа е стабилна и задоволителна. Тешки сте кон партнерот. Инсистирате на средба, а потоа ви пречи се кон него. Бешиката е чувствителна. Наклонети сте кон инфекција.

РИБИ

Соработката со странските партнери е стабилна и задоволни сте како се одвива. Пред вас е ново, изненадувачко познанство. И покрај тоа што нема долго време да минете во таа приказна, другата страна ќе ве воодушеви. Бубрезите и бешиката се чувствителни.