Република Македонија забрзано го зголемува својот јавен и државен долг. Јавниот долг за првпат во историјата го надмина прагот од 5 милијарди евра, додека државниот надмина над 4 милијарди евра. Притоа ниту една поголема капитална инвестиција не е реализирана, како би се оправдале парите од задолжувањето.
Буквално јавноста не знае за што и како се потрошени парите, кои сите ние даночните обврзници на оваа држава, во наредните 5, 10 или 20 години ќе ги враќаме.
Сегашнава власт, од опозиција, го критикуваше задолжувањето. Сега откако е на власт СДСМ, јавниот и државниот долг се зголемени за 300 милиони евра. Имено СДСМ во изминативе 7-8 години секојдневно ја бомбардираше јавноста со пресови и соопштенија, а сега веќе една година откако се на власт, луѓето кои излегуваа на партиските пресови не само што молчат, туку и како советници во владата на Заев се дел од задолжувањето.
Медиуите блиски до власт, кои исто така беа преполни со наслови против задолжувањето, во последнава година како да го тргнале терминот задолжување од своите медиуми.
Задолжувањето како инструмент за финансирање, според економската логика е единствено оправдано, кога со истото се реализираат капитални инвестиции. Капитални инвестиции во изминативе година дена нема. Доволно е само да се погледне нивото на реализација на капитални инвестиции во првиот квартал од 2018, кое е едвај 7.5 % од годишно предвидените и секому ќе му биде јасно, дека инвестиции нема.
Тогаш, прашањето кои си го поставува јавноста е „На што се трошат парите кои во наредните години ќе треба да ги враќаат идните генерации?“