четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Жељко Бабиќ: Штета што не успеавме да уловиме голема риба како што најавивме

Жељко Бабиќ: Штета што не успеавме да уловиме голема риба како што најавивме

Битолски Еурофарм Пелистер забележа пораз во првиот осминафинален натпревар против германски Магдебург..

Во Битола, домашните ракометари загубија со 32-24, а стратегот Жељко Бабиќ на прес-конференцијата изјави дека жали што неговиот тим не успеа да улови голема риба како што претходно најави.

„Честитки за победата, честитки за тренерот Вигерт. Тргнавме многу бавно, бевме предвидливи во нападот, а со таква игра против вака квалитетен тим знаеш дека ќе бидеш казнет. Игравме пречесто во овој период и можеби затоа ја загубивме силата на овој меч. Но, треба да се напомене дека игравме против одлична екипа, која е составена од голем број медалисти од големите натпреварувања. Ни следи важен меч со Вардар во домашниот шампионат, а потоа и реваншот во Германија. Штета што не успеавме да уловиме голема риба како што најавивме“,  рече хрватскиот стратег.

Реванш средбата меѓу македонскиот и германскиот тим е закажана за по една седмица, а претходно Пелистер го чека прв големо дерби во Суперлигата на гости кај Вардар (в сабота).