Венко Филипче, додека рецитираш поезија за Заев, третиот бран на коронавирус коси низ Македонија. 1.347 заразени и 17 починати за само еден ден, сите поради твојата неспособност да се организира системот и да се направат соодветни протоколи. Секој ден десетици семејства се завиваат во црно, само и само заради желбата за провизии, коишто се на прво место за власта, на штета на здравјето на граѓаните, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Црвениот аларм одамна е вклучен. Колку ситуацијата е лоша, може да се види компаративно и да го споредиме бројот на починати кај нас со земјите од регионот, гледано според принципот на починати на милион жители. Грција со 11 милиони жители, вчера имала 51 починато лице; по 5 починати на милион жители, за разлика од Македонија која имаше 25 починати лица поврзани со корона, односно повеќе од 12 починати на милион жители! 2 и пол пати повеќе. Иста е ситуацијата и со Словенија, каде 9-мина починале вчера, четворица починати на милион жители; 3 пати помалку од Македонија. Во Србија со 7 милиони жители, вчера 36 починале; 5 починати на милион жители, исто 2 и пол пати помалку од бројот на починати во Македонија, рече Стоилковски и додаде:
„Венко Филипче, има ли пилот во авионот наречен министерство за здравство? За една недела умираат луѓе колку во една цела зграда. Ова се луѓе кои можеби немало ниту да се заразат, а уште помалку да починат, ако се донесеа вакцини и почнеше имунизацијата навреме. Народот чека од јануари, од кога ветивте дека ќе дојдат, немаше ниту во февруари, а нема ниту во март, еве го помина месецот. Македонија е црниот лидер во регионот и Европа по бројот на заразени и починати, црниот лидер по невакцинирани. Блумберг објави листа на која не класираше на високото 5 место по невакцинирани од вкупно 122 држави, пред нас се само Египет, Уганда, Св. Хелена и Екваторијална Гвинеја“.
Се потврдува, потенцира портпаролот наВМРО-ДПМНЕ, тоа што го зборуваме – Полицискиот час нема никаков ефект, и е само за популизам на власта. Народот се заразува затоа што нема протоколи.
-Секој ден со Венко Филипче на чело на здравството, Македонија тоне се повеќе и повеќе се завива во црно. Филипче оди си!