четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија благодарници од АМС

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија благодарници од АМС

Најдобрата судиска двојка од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија благодарници од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Директорот на агенцијата, Наумче Мојсовски организираше прием со цел да им се оддаде признание за сето она што го прават за презентирањето на спортот и на државата на меѓународно ниво.

Начевски и Николов зад себе веќе имаат долга историја на настапи на големите натпреварувања. Повеќе од една деценија постојано се на некое првенство.

Редовно се на сениорските Европски и светски првенства, а имаат настап на две Олимпијади.

Наумче Мојсовски им посака уште поголем успех во следните години и им се заблагодари за она што го направија досега за ракометот и неговиот развој.