Најмалку едно лице загина, а две се повредени при пад на хеликоптер КА-32 во заливот Курск во Русија, пренесуваат светските медиуми.
Како што пренесува „Спутник“, несреќата се случила во близина на Калининград, а станува збор за хеликоптер на Министерството за вонредни состојби.
– За време на тренинг летот изгубивме контакт со екипажот на авионите К-32. Системот 112 доби информација за падот на хеликоптерот во водите на Курскиот залив, на пет километри од градот Полеск – се наведува во соопштението на Министерството за вонредни состојби.
Според портпаролот на тој оддел, три лица биле во хеликоптерот за време на несреќата, а истрагата за инцидентот е во тек.