среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шекеринска ќе му го одземе безбедносниот сертификат на Ковачки: Партиска пресметка на грбот на врвен професионалец

Шекеринска ќе му го одземе безбедносниот сертификат на Ковачки: Партиска пресметка на грбот на врвен професионалец

Продолжува самоволието на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која наместо да го работи тоа за кое е скапо платена од џебот на граѓаните, тера партиска кампања во име на СДСМ.

КУРИР од свои високи извори дознава дека Шекеринска планира да му го одземе безбедносниот сертификат на полковникот Драган Ковачки. Таа и досега покажуваше лично нетрпение кон овој врвен експерт во својата професија, но сега се чини одлучила да отиде чекор понатаму во неразумни граници.

КУРИР веднаш побара одговори од Министерството за одбрана, но од таму уште молчат за оваа скандалозна одлука. Ги прашавме кој ја има донесено оваа одлука и од кои причини, но од таму не одговараат.

Ковачки одговори на нашиот повик и ни даде детален одговор за одлуката за која официјално не ни бил информиран.

-Не сум информиран дека МО планирало одземање на мојот безбедносен сертификат. Во целата моја кариера сум бил во контакт со класифицирани информации од највисок степен, сум посетувал и високо класифицирани инсталации на НАТО, но од моменталнава структура во Министерството за одбрана не ме изненадува ништо, па и да посегнат на овој начин да ме дискредитираат. Имаат можност за таква злоупотреба и ако до Вас стигнала таква информација дека такво нешто подготвуваат, тогаш тоа и ќе го реализираат. Од Шекеринска и нејзините шарени револуционери буквално ништо не ме изненадува, истакна Ковачки во изјавата за КУРИР.

Тој порачува дека ова се незаконски дејанија  за кои ќе има ревизија.

-Сепак, треба да знаат сите лица кои се вклучени во нечесни и незаконски дејанија со цел делегитимирање на политичкиот противник, а притоа користејќи ги институциите за кои не се дораснати да ги водат, дека многу брзо ќе има ревизија на целокупното работење на службите за безбедност, порача Ковачки.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, неодамна направи една паралела меѓу министерката и полковникот, сакајќи да долови за какви личности станува збор и колкава е разликата меѓу нивните профили.

Сумирано, оцени дека Ковачки е дел од најдоброто од македонската армија, Шекеринска е дел од најлошото од македонската политика. Еве што напиша Мицкоски:

Кој е Ковачки?

-Бранител од 2001 година, дел од специјалната армиска единица “Волци”.

-Официр од првата генерација на македонски офицepи со завpшена Вoeна академија, офицер за специјални операции и за разузнавање во првата мисија под раководство на САД- Слобода за Ирак.

-Командант на Првата механизирана пешадиска бригада.

-Командир на противтерористички тим во 6. одред и други функции.

-Завршил на Кралски колеџ за одбранбени студии во Велика Британија, Командно-штабна академија во Хрватска и Воена Академија во Македонија. Во Велика Британија завршил школа за стратегиско лидерство и контраразузнавање, во САД за стратегиско разузнавање.

А која е Радмила Шекеринска?

-кадар активен уште од времето на транзициската олигархија од деведесетите години.

-учесник во власта уште од времето на ТАТ, транзицијата, криминалната транзиција, вице премиерка во владата на Бучковски, истото и во најкриминалната влада во Европа на Зоран Заев.

-позната по “бонбона бизнисите” и матната продажба на ЕСМ,

-позната по аферата “кирии”, домаќин на обвинителката Катица Јанева осудена за рекет.

Најнови вести