вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Костовски: Кој од врвот на власта ги спаси нарко босовите од Грчец и Арачиново?! Спасовски оставка!

Костовски: Кој од врвот на власта ги спаси нарко босовите од Грчец и Арачиново?! Спасовски оставка!

Кој од врвот на власта ги штити наркобосовите од Грчец и Арачиново? Кој е кртот, не е вистинското прашање! Акцијата е изминирана во корен, тоа не го издал некој службеник, туку висок функционер, посочува Дарко Костовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Рибата смрди од главата! Вистинското прашање кој од врвот на власта си ги спасил извршителите од Грчец и Арачиново!?

Спасовски, да не си помислил да се вадиш! 5 години си министер во МВР, ова е недозволиво! Поднесиси оставка веднаш!

Оставка, затоа што се додека оваа криминална багра е на власт нема и не може да има правда.

ПС. Чекам коментар и од Љупчо Николовски Путерот, секако ако не е зафатен со работа од 16 часа или одмор во Дубаи“ – посочува тој.

Најнови вести