четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

За власта не е важно што има заразени попишувачи, ВМРО-ДПМНЕ останува на зборот- пописот треба да се одложи за да се заштитат граѓаните

За власта не е важно што има заразени попишувачи, ВМРО-ДПМНЕ останува на зборот- пописот треба да се одложи за да се заштитат граѓаните

Власта и понатаму продолжува по секоја цена да го турка пописот. Иако бројот на заразени и починати од КОВИД-19 се од ден на ден расте, за власта тоа не е ни најмалку важно.

Директорот на Државниот завод, Апостол Симовски во своето гостување во емисијата „Само вистина“ кој зборуваше за тоа како се одвива пописот посочи дека имало четворица попишувачи кои се заразени од вирусот.

– Има четворица не се пет заразени инструктори за попишување, заразени од своите сопружници, но не се заразени од ДЗС, кажа Симовски во своето гостување.

-Ова е уште еден доказ дека пописот доведува до загрозување на здравјето на граѓаните и најдобро е пописот да се одложи за некои подобри времиња кога ќе се надмине и ситуацијата со корона. За ова и многу пати до сега апелираше и опозицијата, а вчера тоа го потенцираше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Околу пораките ВМРО-ДПМНЕ има јасна порака, а тоа е дека пописот во ваква епидемиолошка состојба треба да се одложи и јас пишав едно отворено писмо и дадов предлог во мојот предлог ќе го повторам уште еднаш пред македонската јавност е содржано следново: пописот веднаш да се одложи бидејќи ова што станува збор за дијаспората е евиденција не е попис. Попис се знае се прави на резидентно население или население кое што изминатите 12 месеци не ја одјавило адресата од Македонија. Ова е евиденција на дијаспората што не мораше да го прават, од бројот на издадени македонски државјанства ќе го одземевме бројот на резидентно население ќе ја добиевме дијаспората, рече тој.

Според Мицкоски најпотребно е прво да се имунизираат попишувачите, а како што рече тоа е процес кој ќе трае околу месец, месец и половина, а пописот да се спроведи на есен, барајќи донација на 5.000, 6.000 вакцини од меѓународната заедница бидејќи како што укажа власта е неспособна да ги набави.

-ВМРО-ДПМНЕ има јасна позиција и вели пописот треба да се одложи, таму некаде на есен, втора половина на септември, ако е потребно да ги одложиме локалните избори за еден месец не менува ништо и во меѓувреме да ги имунизираме попишувачите за да може граѓаните да се чувствуваат комотни кога разговараат со нив дека не може да бидат преносители на оваа ужасна зараза која јас и моето семејство на своја кожа ја почувствувавме, рече Мицкоски.

Најнови вести