Српската старлета Сораја Вучелиќ се присети на првите пари што ги заработила, и како што сама истакнува тоа се случило уште додека одела во средно училиште.
Имено, Вучелиќ откри нешто што многумина ќе изненади, а тоа е дека првите пари ги заработила од џепарлакот на своите колеги од училишните клупи.
-Смешно е што после толку години се сетив на тоа. Интересно е што бев најдобра во средно по одредени предмети. Кога имавме контролни задачи, јас во замена за пари прво им ја правев контролната на одредени ученици од класот, а потоа за себе. Па после некој нека се сомнева дека умот се вреднува и почитува, раскажа Сораја.
Таа секако не се сеќава колку точно наплатувала за пишувањето на контролните задачи, но секако се сеќава колку пари вкупно заработила.
-Ги потрошив парите на мобилен телефон „моторола“ на преклоп, откри старлетата.