вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

МВР: 148 казнети возачи во Скопје

МВР: 148 казнети возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 91 санкција, седум за возење без возачка дозвола, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се три санкции за користење мобилен телефон, осум за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири за некористење сигурносен појас и 14 за непрописно паркирани возила.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.