вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Полицијата во тетовскиот регион санкционирала 109 возачи – од нив 81 за брзо возење

Полицијата во тетовскиот регион санкционирала 109 возачи – од нив 81 за брзо возење

Во рамки на вчерашната шестчасовна контрола на сообраќајот во тетовскиот регион полицајците откриле и санкционирале 109 прекршоци. Од нив 81 се за брзо возење, од кои 11 прекршоци биле пречекорувања за повеќе од 70 километри на час.

-При 81 контрола евидентирано е пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место, пред сè на автопатот Гостивар – Тетово и регионалните патишта Тетово – Јажинце, Тетово – Волковија и Гостивар – Дебреше. Од нив, 11 прекршоци биле пречекорувања за повеќе од 70 километри на час. Во населено место, односно на улиците „Видоја Смилевски-Бато“ и „Маршал Тито“ во Тетово и „Илинденска“ во Гостивар констатиран биле 28 прекршоци од кои еден за возење повеќе од 50 километри на час над дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, односно прекршочни платни налози и 11 писмени опомени, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Ациската контрола била спроведена вчера од 12 до 18 часот на подрачјето на СВР Тетово. Во контролата, исто така, биле откриени и санкционирани и осум други видови прекршоци. (МИА)

Најнови вести