четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ си остана на зборот- ги оствари барањата за пописот и изборниот законик, се избори за заштита на здравјето на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ си остана на зборот- ги оствари барањата за пописот и изборниот законик, се избори за заштита на здравјето на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ си остана на зборот- пописот се одложи за да се заштитат граѓаните. Опозицијата се избори во намерата, па поради одложување на пописот, спасени се многу човечки животи.

Партијата ги оствари барањата за пописот и изборниот законик. Нивната порака беше јасна, дека пописот во ваква епидемиолошка состојба треба да се одложи сега и да се спроведе на есен, односно откако ќе се имунизираат попишувачите, за да може граѓаните да се чувствуваат комотни кога разговараат со нив дека не може да бидат преносители на коронавирусот.

Фактот да се спасат што повеќе човечки животи, бил водилка за предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за тет-а-тет средба со Зоран Заев. Па од тука, тој заклучи дека денешната средба и денешниот состанок е позитивен и успешен.

-Од страна на господинот Зоран Заев бев информиран дека во текот на месец април по разно разни програми се очекува да пристигнат во државата, да пристигнат во Македонија од прилика околу 350.000 вакцини со што би се започнал процесот на масовна имунизација на населението. А, потоа со сукцесивно и во месец мај што би значело некаде од прилика два милиона дози, што е доволно за повеќе од еден милион граѓани кои што би се вакцинирале во периодот кој што следува. Поврзано со ова се согласивме дека откако процесот на имунизација на население и попишувачите што е многу важно ќе се случи пописот и за тоа се договоривме истиот да биде одложен, наместо сега во месец април како што е планиран да се одложи за месец септември како можен период да биде 5 – 30-ти септември односно 25 дена. Апликацијата со која што се евидентира дијаспората да остане активна до физичкото завршување на пописот, а локалните избори наместо на првата половина на октомври да бидат одложени за втората половина од октомври, рече Мицкоски меѓудругото.

За потсетување, ВМРО-ДПМНЕ собра преку 100.000 потписи за одлагање на пописот.

И потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој гостуваше во централниот Дневник на телевизија Сител, ја прокоментира лидерската средба и посочи дека со одлагање на пописот победи разумот.

„Јас би рекол дека преовладува разумот, во овој момент знаете ги читаме бројките колку има починати, колку има новозаразени, а од друга страна требаше на сила оваа гарнитура на власт да истурка попис. Затоа и ние бевме, оние кои што понудивме алтернативни решенија, не само да критикуваме, не како што некој нарекува нешто да блокираме туку навистина, конструктивни решенија, алтернативи како некои работи да бидат подобри. Зборувам за пописот, зборувам за работа која што е многу важна или за два – три дена ќе започнеше масовно попишување во Македонија, а тоа значеше дека неколку илјада луѓе ќе ни доаѓаа по домовите, а ги гледаме бројките, гледаме дека граѓаните масовно одат во други држави да се вакцинираат, и за тоа велам дека победи разумот. Да, точно така ние понудивме многу предлози и најголем дел се прифатени“, нагласи Мисајловски и додаде дека со ова што пописот се одложи за септември е победа на народот.

ВМРО-ДПМНЕ ги оствари и барањата во однос на измените во Изборниот Законик.

Веќе утре на дневен ред во рамките на Парламентот ќе биде измената во Изборниот Законик која што се однесува на терминалите за отчитување на отисок на прст или т.н. фингерпринт терминали и се очекува успешно да биде изгласано во рамките на Парламентот.

Инаку, со фингерпринт конечно ќе се обезбедат релевантни и кредибилни избори, нема да има семејно гласање и брзи прсти.

-Фингерпринт терминали се многу значајни за подобрување на демократскиот капацитет на самиот процес односно еден човек – еден глас, со што се спречува семејно гласање кое што во минатото беше пракса, истакна Мицкоски по лидерската средба.

 

Најнови вести