петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ким: Нуклеарната сила на Северна Кореја е реалност, не закана

Ким: Нуклеарната сила на Северна Кореја е реалност, не закана

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави денеска дека САД треба да бидат свесни дека тие се реално нуклеарна сила, а не закана.

Во новогодишниот говор Ким рече дека Северна Кореја постигнала историски потфат со „пополнување“ на своите нуклеарни сили наведувајќи дека тој има „нуклеарно копче“ на својата маса.

– САД треба да знаат дека копчето за нуклеарното оружје е на мојата маса. Цела САД е во дострел на нашето нуклеарно оружје. САД никогаш нема да може да почнат војна против мене и нашата држава, нагласи Ким.

Тој додае дека државата ќе се фокусира на масовно производствоп на нуклеарни боеви глави и балистички ракети за „оперативно распоредување“. Повика и на подобрување на односите со Сеул.