Откривањето на споменикот на Грета Тунберг на британскиот универзитет во вторникот предизвика контроверзии бидејќи студентите и синдикатот на вработените сметаат дека парите можеле подобро да се искористат во пандемиската година.
Бронзената статуа, наречена „Направи разлика“, направена во вистинска големина, е изработена од уметничката Кристин Чарлсворт и беше откриена на Универзитетот во Винчестер (јужна Англија), кој е „горд“ да и оддаде почит на осумнаесетгодишниот активист за планетата.
– Универзитетот признава дека Грета Тунберг е, според мислењето на многумина, малку „контроверзна“ и прифаќа „разумна дискусија и критички разговори“ – рече проректорот Џој Картер.
Студентскиот сојуз смета дека може да се потрошат 24.000 фунти (28.000 евра) за да им се помогне на студентите.
– Ние сме во година на Ковид-19, многу студенти немаат пристап до кампусот, многумина се обидуваат да ги следат своите студии преку Интернет и навистина им е потребна поддршка – изјави за Би-Би-Си Меган Бол, претседател на студентскиот сојуз.