Макеоднската ракометна репрезентативка Јована Саздовска ја продолжи соработката со екипата на Дунареа Браила. 27-годишното лево крило се обврза на нов двегодишен договор со оваа екипа.
Солидните настапи во тимот каде што игра од почетокот на оваа година го убедија раководството да и понуди нов договор на Саздовска.
Пред да се пресели во Романија, македонската ракометарка играше за Турингер, а кариерата ја започна во Металург.