вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

НОВИ ДЕТАЛИ: Двајца полицајци се повредени, осомничениот е убиен

НОВИ ДЕТАЛИ: Двајца полицајци се повредени, осомничениот е убиен

Осомничениот кој денеска со силна брзина удрил со автомобил во безбедносна ограда пред Капитолот на САД, при што биле повредени двајца полицајци, бил убиен во пукотницата што уследила, јави денеска Њујорк тајмс.

Претходно следело гонење на автомобилистот, кој, според некои американски медиуми е жена.

Полицијата на Капитолот претходно на Твитер соопшти дека двајца службеници и осомничениот биле однесени во болница.

Поради инцидентот, кој се случил на оградата поставена кај северниот приод на Капитолот, целиот комплекс од згради околу американскиот Конгрес е затворен. Полицијата им препорачала на вработените да останат внатре во објектите или да се засолнат ако се надвор.

Од фотографии постирани на социјалните мрежи се гледа како болничарите работат на некого кој лежи на асфалтот. Потоа се гледа кола удрена во безбедносната ограда со вратата на возачот и багажникот отворена. Некои Твитер корисници од американските медиуми постираа видео како пред платото на Капитолот слетува хеликоптер

Поради Велигденските празинци, Конгресот викендов не работи, конгресмените, како и претседателот Џо Бајден, кој денеска замина за Кемп Дејвид, не се во Вашингтон. Но во објектите на Капитолот и во самата централна зграда, има пероснал кој деновиве се вакцинира, јавува весикот.