недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шилегов за грчки „Етнос“: Коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад во Скопје

Шилегов за грчки „Етнос“: Коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад во Скопје

Добро е за нашите градови да соработуваат, но за жал, не успеавме да се сретнеме во периодот на пандемијата, вели градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за грчкиот портал „Етнос.гр“ и додава дека испратил честитки до градоначалниците на Атина и Солун кога беа избрани пред две години, јави дописничката на МИА од Атина.

-Испратив писма со честитки до општините Атина и Солун кога новите градоначалници ги презедоа функциите. Добро е за нашите градови да соработуваат. За жал, не успеавме да се сретнеме во текот на целиот овој период на пандемија. Костас Бакојанис одговори на моето писмо. Сепак, немав никаков одговор од општина Солун. Со Костас Бакојанис разменивме честитки и за новата година, вели Шилегов.

Скопскиот градоначалник упатил покана до неговиот колега од Солун Константинос Зервос на 13 ноември да присуствува на одбележувањето на годишнината од ослободувањето на Скопје, меѓутоа поради пандемијата не било изводливо патувањето.

Шилегов оценува дека некои работи во соработката со Солун заостанаа поради коронавирусот, но верува дека по пандемијата брзо ќе се нормализираат односите.

За „Етнос.гр“, скопскиот градоначалник говори и за галиите и ја објаснува одлуката за нивното отстранување.

-За мене приоритет е безбедноста на градот, бидејќи трите лажни галии се наоѓаат во реката и може да предизвикаат штета во градот поради можноста за излевање на водата. Но, освен опасен е и бескорисен проект што не му е потребен на центарот на градот. Не припаѓа на нашата традиција, култура и цивилизација, вели Шилегов.

Во однос на спомениците на скопскиот плоштад, објаснува дека се во надлежност на општина Центар и изразува надеж дека „коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад“.

Најнови вести