четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Втора вечер полициски час

Втора вечер полициски час

Во 20 часот, втора вечер по ред, почна полицискиот час кој ќе трае до 05 часот изутрина. Во овој временски период движењето е ограничено.

Одлуката за затворање ќе трае до 20 април 2021 година, а како што соопшти Владата, објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт.

Целосна забрана да примаат гости ќе имаат и хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна, а исклучок се рестораните во склоп на хотелите, мотелите, хостели и пансиони за оние лица кои се сместени како гости, како и угостителскиоте објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Обложувалниците ќе можат да работат без да примаат гости во своите објекти и уплатите да ги вршат преку наплатен пункт.

Исто така, затвотени се сите угостителски објекти, како и угостителскиот дел од обложувалниците, фитнес салите, спортските и салите за вежбање,а забрането е и организирање, одржување и учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции.

Најнови вести