Германскиот ракометен бундеслигаш Кил на домашен терен славеше над ПИК Сегед со (33-28) и со втората победа во вториот осминафинален дуел се пласира меѓу осумте најдобри во ракометната Лига на шампиони.
Одличен кај бундеслигашот беше Сагосен со девет гола, а Винчек и Екберг имаа по седум, додека кај ПИК Сегед, Радивојевиќ заврши со седум гола, пред Банхиди и Бомбач со по четири реализации.
Во четвртфиналето Кил го чека мега-пресметка со ПСЖ. Избраниците на Раул Гонзалез двоцифрено го поразија Целје на првиот натпревар, па реваншот ќе биде само рутина и не би требало да има никакво изненадување.