среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за труд и социјална политика на ВМРО – ДПМНЕ: Нови отпуштања и погрешни трудови политики на Владата на СДСМ!

Комисија за труд и социјална политика на ВМРО – ДПМНЕ: Нови отпуштања и погрешни трудови политики на Владата на СДСМ!

Како да не ни беа доволни црните статистики на новозаболени и починати од Ковид-19 кои секојдневно ги преживуваме сите веќе цела година, неспособната Влада предводена од Зоран Заев успеа во еден ден со непромислен потег да остави на улица, без приход, без здравствено, социјално и пензиско осигурување околу 30 000 лица, реагираат од Комисијата за труд и социјална политика на ВМРО – ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува мерките кои се во насока на спречување на ширењето на вирусот и заштита на здравјето на граѓаните, но бараме одговорност од Владата на СДСМ за енормната бројка на невработени лица која осамна вчера во Република Мак
едонија.

Прво, зошто доцни државната помош за стопанството веќе два месеци, во ек на пандемија? Немавте ли визија да предвидите што ќе се случи или не ви е гајле за граѓаните сè додека има за вас?

Второ, нели е очигледно дека отпуштените работници се отпуштени незаконски? Македонските закони предвидуваат јасни услови кога и како може да се прекине работен однос: Со истекување на договор за вработување (ама никој не верува дека 30 000 договори истекле во ист ден!), со отказен рок од 30 дена. Или сите овие работници работеле „на црно“, а газдите не им плаќале никакво осигурување?

Трето, третиот бран на вирусот е најсилен сега, и не се очекува дека преку ноќ ќе се намали, па водите ли сметка што ако некој од овие отпуштени работници или член од неговото семејство се зарази? Како ќе плати за лекување без пари и без здравствено осигурување?

Четврто, Вчерашната најава на Зоран Заев и Битиќи со ветување за нови мерки за оние кои ќе бидат затворени во текот на овие две недели е само обид да избегаат од одговорноста за отпуштените работници. Зошто не најавија навреме дека ќе ги поддржат угостителите за да не останат работниците на улица?

Почитувани граѓани, неодговорниот Зоран Заев и неговите неодговорни министри време е да одговараат за црните судбини на нашите сограѓани. Време е за оставки и одговорност! Доста ни е од вашето „Ќе биде“, зашто не ве бидува!

Работните места не се враќаат со ПР базиран на лажни ветувања, туку со одговорни политики, со системски решенија и со ставање на граѓаните на прво место. ВМРО – ДПМНЕ останува со граѓаните и не отстапува од барањата решенија час поскоро! Не сте сами почитувани сограѓани, ние сме со Вас!, велат од Комисијата за труд и социјална политика на ВМРО – ДПМНЕ.

Најнови вести