Адвокатот Зора Добричанин пред осум месеци на српската телевизија Хепи во емисија зборуваше за криминалните кланови со оригинални македонски пасоши.
– Јован Вукотиќ е донесен во Србија од Турција, наводно поради тоа што користел македонски пасош со своја фотографија и друго име. Но, тој пасош беше целосно оригинален. Со вештачење е утврдено дека пасошот е автентичен и никогаш не го користел на територија на Република Србија, истакна адвокатката во емисијата.
Ова се поврзано со аферата „Мафија“ – издавање пасоши на криминалци од различни кланови од страна на власта, која што ја објави ВМРО-ДПМНЕ.
Утрово, Антонијо Милошоски објави дека власта дала македонски пасоши на терористи од ИСИС.