понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Амнестија на гласачкото тело по скратена постапка

Амнестија на гласачкото тело по скратена постапка

Таче и Алија се разбудиле среде ноќ, облеани во ладна пот. Не им било лесно на пустите, ги фаќал силен уплав затоа што добро знаеле дека наскоро ќа траснат од власт. Без меко атерирање. А тоа болело. Абе, многу. Многу повеќе од болката во мешето на Ќуран кога ги распродавал македонските идентитетски одредници. Веќе подолг период, сон не ги фаќал пустите, а и кога ќе успееле, се буделе со врискање од силниот кошмар. Се викал МАКЕДОНИЈА. За некого најубав сон, за некого ноќна мора. Кој, што си заслужил…

Па така ненаспани и со подочњаци до колена, владините „капо ди тути каповци“ утрото ќе свикале по своите гавази, советничиња, експерти и новинарчиња – аман, чаре да се бара, гласачко тело северџганистанско да се анимира, спас да се најде, дојдеа е нож до северну коску. Сламка ли беше…

И така, ајваните драматично ќе почнеле да си ги траскаат од ѕид празните главички, глумејќи дека нешто работат, па се туфкале, пуфкале, лелекале, пискале  и куделе, ама чаре не се наоѓало. Од празните главички излегувала само природната реакција и супстанца. Ништо. Празнотија…

И наеднаш, некој во Мала Речица свикал „Еурека“!!! Му го текнувало дека ќе му го игруваат на стара карта. Еден бајат, ама проверен рецепт. Ќе играат со и за криминалците. Веднаш им дојавиле на Бихаќка, каде со елан заиграле и направиле мега-журка, како онаа за НАТО влезот де. Седокосиот Алија ја прифатил идејата со акламација и инстант орле со рачињата направил, аберот го рашириле Груби и Бујар пафтајќи со прстињата омрсени од власт, а Таче, кој по Али немал право на глас, морал пресреќен само да заигра некое влашко оро на фотоволтаичното поле на жена му, нива дарена од државата. Љупче Путерот, Маричиќ и Обиџуко не ни сфатиле за што се работи, ама ко секогаш орно завикале „Браво шефе, секоја чест шефе, љубим ноге шефе!!!“

Што било чарето? Па, забеганата и неинвентивна владина банда се „сетила“ да ги амнестира криминалците. По скратена постапка, разбира се. Нивните најдобри и најлојални другарчиња, дилери и шарени празноглавци. Оти крвта не била вода, а грижата за своите била обврска, нели. Нова екипа за полнење на гласачки кутии, закани врз гласачи, новокомпонирана партијска мафија за избори. Јуууууууу, свикал Ќурка и насмејан до уши „одма„ се јавил во Фондот за иновации, да му дадат грант од макар три милиони евра на оној од Мала Речица на кој му текнала оваа толку ветва, нова идеја и „иновација“…

Не ги интересирало каков пример даваат. Пораката била јасна: Лажи, кради, манипулирај, тепај, мами, клевети, боди, сечи  – и судијката партијска ќе те осуди на помала казна, па оп – Таче и Алија ќе те ослободат/амнестираат. Криминалци за криминалци, фамилија е светиња, нема тука лабаво.

И така, во земјата која некогаш беше и држава се подготвувала амнестија на гласачкото владино тело. По скратена постапка, нормално. Ова било јадрото на СДСС и ДУИ, криминалците, останатите од болументата гласачка биле тендераши, нововработени, како и оние со желба за унапредување и вработување, кој од кој понеспособен. И тука завршувале…

Прво, власта се самоамнестирала со измени на Кривичниот законик, а сега ги амнестирала и своите најверни поданици. Криминална влада? Не, криминогена, арамиска, апашка и ред други зборови кои се само галовни за ова качачка банда. Седма година агонија, а амнестија саде неколку дена по петгодишнината од референдумскиот бунт, победа и бојкот, суверенистички чин кој Заевци заштитени од странските мецени го извитоперија, укашкаа, укакаа и укаљааа…

На 30-ти септември годинава, минатата сабота, нашата Македонија наврши 5 години од најголемата Пирова победа во историјата. Но ова не е 2018-та, колку Заевци, Тачевци и Алиевци да посакуваат, минаа тие црни времиња.

Овие 5, „една рака“ лета, поради сопствената грижа на совеста  се престоривме во темирани бомби, не спиеме навечер од гнев, а парадоксално – повторно не сме доволно будни. Сепак, теши што крајот наближува. Со него и крајот на насилната зомбификација на македонското национално ткиво, епизода која остана во обид и која не им успеја на овие вуду северџани кои ги ситнат последните денови од својата неуспешна вештерска кариера. По 7 години јад, сега веќе се месеци, наскоро ќе бидат денови, а гневот само ќе расте.

Се обидоа од петни жили да не разединат, раскараат, заплашат и ништат, секојдневните понижувања требаше да донесат нов бран апатија и рамнодушност и да го доразорат она малкуто останато здраво ткиво, ама не успејаа. Пирејот ќе го возврати ударот. Македонија исто. Светлото на крајот на македонскиот тунел, разрушен од гнилите северни тули, веќе се гледа, наѕира и блешти.

Се’ што треба е да издржиме уште малку, па да гледаме реприза на антологискиот северџганистански сеир, новокомпонирани плачки, та будење на ненадминливите НВО бапчорки, па заштитничките пресови на амбасадорските маќеи и очуви со Тачевци во скутот, непреповиени и со пелени полни со антимакедонски истресок кои се цедат на сите страни, лелек на „новинарските“ им здруженија, лажните вести на неизживеаните, патетични Џабировци и садизмот на Тричковци, плачките на сороспиите и останата багра. Ми фалат будалчињата непрокопсани и толку „промуќурно“ приглупи. Ајде, уште малку, па пак ќе си ги имаме во маало, по интернет, на ТВ, во весници. Кампови, фарбања, патетични протести, агресивни изливи, абе цепки. Многу, премногу ќефови во најава, забава до бессвест…

Амнестирајте, самопомилувајте се, крадете ко улави, тендерисувајте, продавајте, аздисувајте, џабе ви е. Раката на Македонија можеби е спора, оти е човечна, исто како и Македонецот.

Арно ама, не простуваат, никогаш…