Ракометниот шампион во машка конуренција Вардар наиде на силен отпор во ракометниот плејоф, но македонскиот првак го задржа максималниот ефект и успеа да оствари триумф над Тинекс Пролет.
Вардар со триумфот од 30:24 стигна до шестата победа во плејофот и го задржа стопроцентниот учинок, а најефикасен на мечот беше Тимур Дибиров со девет постигнати погодоци.
Денеска, се играше дерби и меѓу двата тима на Еурофарм Пелистер, во кое очекуванот првиот тим оствари победа од 28:21 со која продолжи да ја одржува негативата од три бода со Вардар на табелата во Супер Лигата.