вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Черешна се од корен корнеше, Рашковски се од власта делеше

Черешна се од корен корнеше, Рашковски се од власта делеше

„Черешна се од корен корнеше, мома се од мајка делеше“ се стихови од песна која обично се пее кога момите ги изнесуваат од дома кога прават свадба, а ако се земе актуелната политичка состојба кај нас, вчера екс генералниот секретар на влада Драги Рашковски се раздели од својата позиција во владата.

Скандал по скандал зад името на Драги Рашковски, илјадници евра во игра, луксузни одмори во време на најголемата пандемија која го тресе светот, иновации небаре топла вода измислил… Рашковски вчера објави дека си поднесе оставка. Од морални причини? Малку тешко е за верување! Политичар и морал, некако не оде!

Како што објавивме вчера дека Зоран Заев ја затега „јамката“ околу вратот на Драги Рашковски, така и се случи.

Рашковски од Мексико се силеше, дека кога ќе се врател се ќе објаснел, па и тв дуели бараше, ниту објасни, ниту дуел имаше. Зоран Заев му забрани, едноставно е. Зоран Заев го пушти Рашковски низ вода, за да си ја спаси владата, бидејќи ако Рашковски не падне, ќе падне владата на Заев, а со тоа ќе си отвореше и поголеми проблеми.

Заев му ја затегна „јамката“ околу вратот на Рашковски.

Вчера во интервју во Канал 5, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на едно од прашањата рече:

Секако дека има потреба од софтвер за контрола и безбедност во сообраќајот и работиме на набавување на софтвер за таа намена, рече Спасовски, но потенцираше дека министерството не порачало и не е инволвирано во купувањето на софтверот на Рашковски.

Тој потврди дека уште на почетокот на аферата „Софтвер“, МВР соопштила дека набавката на софтверот на Рашковски не е порачана од МВР туку тоа одело преку генералниот секретаријат на владата во времето кога генерален секретар бил Рашковски.

Човекот кој треба да го користи овој софтвер контра иноваторот Рашковски, што е ова ако не затегање на „јамка“ околу вратот, а е само почеток на она што му следи на Рашковски од страна на Заев.

Следен кој треба да се огласи најверојатно ќе биде и министерот Љупчо Николовски, оној за корупција, потоа најверојатно антикорупционерите кои најверојатно ќе најдат нерегуларности, потоа ќе се вклучи финансиска полиција, УЈП, кратко кажано, Драги Рашковски многу ќе се објаснува во овие институции, а на самиот крај ќе се објаснува и на суд.

Каде Рашковски ја направи грешката?

Одговорот на ова прашање е многу едноставно, Рашковски прмногу избрза, не успеа да се воздржи и ги покажа парите. 74.000 евра луксузно возило препишано на сопругата, хациенда на која инвеститор се неговите малолетни деца, ова второто е мизерно, родените деца да си ги користиш за сопствените скандали е можеби и една од најмизерните работи, потоа луксузни патувања и што ли уште ќе чуеме.

Рашковски се освести, но предоцна, Заев и неговите функционери почнаа да му ја затегаат „јамката“ околу вратот, а кога повеќе луѓе ќе ти се нафрлат, епилогот е очигледен, но како велат, целта ги оправдува средствата.

Рашковски ќе падне, Заев ќе се спаси!

Најнови вести