Филипче и Заев се одговорни за 4.357 жртви од корона. Додека целиот свет беше во потрага по вакцини, Заев и Филипче беа во потрага по провизии за кинески вакцини. Денес овие луѓе што умираат немаше да починат, доколку Заев и Филипче не возеа мотори туку обезбедеа вакцини, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
– Крвави се рацете на Филипче и Заев кои од државата направија кланица во која гробиштата се полни, а парковите празни.
Додека луѓе умираат, единствено што се гради е хациендата на Филипче на Водно. Медицинскиот персонал голорак се бори против корона пандемија. Вакцините ги има само во изјавите на Филипче, граѓаните не ги гледаат. Да го подготвеа здравствениот систем по појавата на корона вирусот ситуацијата ќе беше поинаква. Граѓаните ги оставија да молат за лек, да молат за болнички кревет, да се задолжуваат. Медицинскиот персонал го истоштија, посочуваат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ вели дека Заев и Филипче се успешни во една работа – во земање провизии.
– Затоа ќе протестираме и оваа сабота. Да го измиеме срамот на Филипче и Заев. Да повикаме оставка на Филипче за спас на народот. Оставка на оние кои на своја совест носат 4 357 мртви. Протест на ВМРО-ДПМНЕ во сабота во 11.30 часот, пред министерството за здравство. Оставка на Филипче, за спас од неспособноста која убива, додаваат од партијата.